Недела на солидарност
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид ја одбележа Неделата на солидарност 16-22 април под мотото “Вашиот прилог-значајна помош”. Во текот на неделата беа организирани и спроведени активности кои ни беа дадени како препораки – посетени домови, собирни штандови во маркети и плоштад, медиумска покриеност, анимирана широка популација на граѓани , фирми , институции и училишта.
Беа вклучени 14 волонтери од Општинска организација Охрид кои што посетија 100 домови, 60 семејства беа донатори и вкупно се донираа и се собраа 250 кг. храна, 100 кг. хигиенски производи, 1600 кг. облека, 350 пара обувки и сл., од кои се поделија вкупно 25 пакети со храна и хигиенски производи, ќебиња, детски пелени, играчки, обувки, облека и др.