Недела на солидарност
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид и оваа година традиционално се вклучи во одбележување на Неделата на солидарност (19 – 25 април 2021г) под мото “Вашиот прилог – значајна помош”, а со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население.
По тој повод, денеска, во пресрет на Велигденските празници, Општинска организација Охрид заедно со донаторите, брендот “Охридски бисер-Филеви” претставувана од Михајло Филев и Lions клуб Десарети започнаа со распределба на 180 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена наменети за 180 социјално загрозени семејства од Општина Охрид и Дебрца.
Денеска, беа поделени хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена и пригодни подароци во пресрет на празникот Велигден и на дечињата од Здружението на родители на деца со посебни потреби “Тајните на моето срце”.
Упатуваме голема благодарност до сите хумани граѓани кои во текот на претходната недела донираа прехранбени производи и средства за хигиена на собирните пунктови за прехранбени производи поставени низ поголемите маркети низ Охрид како и огромна благодарност што се вклучија со донации во рамки на Неделата на солидарност и до : Акцијашки клуб Брег на младоста, Тун папирус, Моби петрол, ЛТХ Леарница, Марија Коваческа.