септември 22, 2025

НЕДЕЛА НА ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ

Традиционално како дел од ЦКА-ПХВ програмата, секоја година во периодот од 21 до 27 септември се одбележува Неделата на промоција на хумани вредности преку која се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство и мир, согласно Стратегијата 2030 на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Националнта програма ЦКА–ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности) е програма во која учествуваат млади од 14 до 18 години

добиваат обука и се оспособуваат за работа на терен, односно како да ги истражат потребите на заедницата, како да дојдат до целната група и како да им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна, притоа правејќи мали проекти, но од огромно значење за заедницата.

Целта на оваа програма е да се мобилизираат младите на возраст од 14-18 години да стекнат соодветни знаења и вештини кои понатака ќе ги применат во изработка на проекти преку кои се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог, како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и воедно се помага на ранливите категории на граѓани во локалната заедница.

Преку различни активности сакаме да ја истакнеме важноста на хуманоста, еднаквоста, толеранцијата и почитувањето, вредности кои се темел на нашата работа и инспирација за секојдневното волонтерство.

< врати се назад