октомври 3, 2021

Недела на млади

Младост, хуманост, позитивна енергија ширеа младите волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид, овојпат од платото пред Центарот за клутура „Григор Прличев“ каде во прекрасно дружење, многу едукативни и креативни содржини и забава ја одбележаа Неделата на Млади со настан “YOUTH DAY” преку:

🎨ГРАФИТ-мурал со хумана порака, изработен од нашите талентирани волонтери

🎈ИНФО-ШТАНД, балончиња и промотивни флаери

📸PHOTO BOOTH со Ива Јованович

🎶Работилница за танц со Олгица Симеонова

🤝ТИМ-БИЛДИНГ игри за млади

❤И многу многу дружба и љубов!

✨Нашата порака до врсниците и сограѓаните – Да се приклучат на нашето хумано семејство каде на најефикасен и најкорисен начин ќе можат да ја негуваат хуманоста, солидарноста и благородноста и да се развиваат во високо морални личности, а притоа се помасовно да правиме добри дела во Охрид✨

✅Привлековме околу 15 нови потенцијални млади волонтери

✅Ги информиравме граѓаните за нашите активности

✅Разубавивме нечиј ден делејќи балони, чоколатца иии насмевки!

НАШАТА ПРИКАЗНА ПРОДОЛЖУВА СО ТЕБЕ! БИДИ И ТИ НЕЧИЈ ХЕРОЈ! беше мотото на овој настан кој привлече многу посетители, особено од редот на младите од нашиот град кои ја искористија можноста да се информираат за активностите на Црвен крст Охрид и се зачленат и станат волонтери на Клубот на млади при Црвен крст Охрид. Дел од нашите волонтери својот талент го изразија преку изработка на графит-мурал на еден од sидовите на Центарот за култура, дел се забавуваа играјќи креативни игри, дел ги анимираа најмладите минувачи и нивните родители да бидат дел од photo booth сесијата, а сите учествуваа на работилницата за танц.

Изразуваме благодарност до НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид , студио „Соната“, светлечки реклами ГУГО и организацијата Canadians For Children At Health Risk од Канада кои го помогнаа одржувањето на овој настан.

< врати се назад