октомври 5, 2023

НЕДЕЛА НА МЛАДИ

Традиционално, во периодот од 1 до 7 октомври, Црвен крст на Република Северна Македонија ја одбележува Неделата на младите. Во текот на оваа недела, Клубовите на млади при општинските организации на Црвениот крст ги промовираат своите активности, својот труд и работа, како и волонтирањето меѓу младите.
Во рамки на одбележувањето на Неделата на млади, Клубот на млади од Црвен крст Охрид планира низа активности:
📖📚Во соработка со Градска библиотека, Црвен крст Охрид организира отворен ден во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид на 06.10.2023 (петок) кога сите млади читатели на возраст до 29 години кои тој ден ќе ја посетат библиотеката, ќе можат да добијат бесплатно годишно членство во библиотеката. Целта на оваа активност е поттикнување на љубовта кон книгата и читањето меѓу младите.
Одбележување на 27 роденден на Клубот на млади од Црвен крст Охрид
Засадување на дрво во дворот на Црвен крст Охрид со што младите волонтери ќе дадат мал, но значаен придонес кон промоција на заштитата на животната средина
Дружење на младите волонтери со коешто ќе се заокружи Неделата на млади и во текот на кое ќе се проектира филм во просториите на Црвен крст Охрид
Одбележувајќи ја Неделата на млади, волонтерите на Црвен крст Охрид, покрај тоа што го промовираат доброволниот ангажман на младите, упатуваат порака до своите врсници да се приклучат кон хуманото семејство на Црвениот крст и да растат и да се развиаат работејќи за доброто на друг.
Во Клубовите на млади во Црвениот крст на РСМ се вклучуваат лица до навршени 30 години, а се дел од речиси сите програмски активности кои ги спроведува организацијата.
Сакаш да ја промениш својата дневна рутина? Да помагаш, да се забавуваш и да правиш промена во општеството? Стани волонтер во Клубот на Млади при Црвен Крст Охрид!
Секогаш е вистинско време да се волонтира!
СТАНИ ВОЛОНТЕР!
Реализацијата на дел од активностите е помогната од страна на канадската организација Canadians For Children At Health Risk со која Црвен крст Охрид има долгогодишна успешна соработка.
May be an image of 5 people, hospital and text
 
 
 
 
< врати се назад