октомври 1, 2025

НЕДЕЛА НА МЛАДИ 2025

Секоја година, Црвениот крст на Република Северна Македонија ја одбележува Неделата на млади во периодот од 1 до 7 октомври, оваа година под мотот „Биди промената што сакаш да ја видиш„.

Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со бројни активности, како и активности во рамките на кампањата за регрутација на нови млади волонтери #MладиЗаОхрид.

Младите се најголемата сила и движечка енергија на Црвениот крст. Тие се оние што со својата посветеност, креативност и големо срце ја градат иднината на хуманоста.

Неделата на младите е време да се потсетиме колку е важна нивната улога – од најмалите акции и активности во заедницата, до големите предизвици во кои ја докажуваат својата храброст и несебичност.

Младите не се само иднината – тие се сегашноста на Црвениот крст. Со нивната енергија, пожртвуваност и верба во подобар свет, тие ни покажуваат дека хуманоста нема граници.

Ви благодариме што сте нашата сила, нашата потпора и нашиот најголем мотив да продолжиме напред.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади#МладиЗаОхрид

< врати се назад