октомври 8, 2020

Недела на млади

Млади – бунтовни, несигурни, полни со енергија… Но всушност, НАШИТЕ МЛАДИ СЕ И: одговорни, хумани, неуморни, толерантни, со непресушна желба за учење и подобар свет!

Од  1-7 октомври Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид  ја

одбележува Неделата на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија!

Во чест на овие млади кои подаваат рака; се грижат за сите, од највозрасните и најосамените до дечињата без поволни услови; око и уво се како тим на прва помош на сите настани во кои граѓаните се во опасност; рециклираат, се едуцираат и се трудат нашата околина да е чиста; неуморно прават културни настани и акции за донација.. Притоа, се надоградуваат себеси и своите вештини и морали, бидејќи токму тие ќе се идните доктори, психолози, градинари, градоначалници, архитекти, правници…

Оваа година од особено значење беа токму овие волонтери. Тие беа на фронтот во борбата против КОВИД-19 и се грижеа за безбедноста на граѓаните со: делење маски, мерење температура и дезинфекција на настани, дистрибуција на хигиенски средства, храна и лекови.

Им се заблагодаруваме на сите граѓани на Охрид, Ви благодариме за довербата која ја имате во нас младите, а за вас ДРАГИ ВОЛОНТЕРИ, КАПА ДОЛУ!

< врати се назад