
април 30, 2026
НЕДЕЛА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА
Секоја година во периодот од 8 до 15 април традиционално се одбележува НЕДЕЛАТА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА. Оваа година под мотото „Хигиената – лична обврска за колективно здравјe“ .
Црвен крст Охрид се приклучи кон одбележувањето на оваа недела со реализација на едукативна работилница на тема хигиена во ООУ „Дебрца“ – ПУ „Оровник“.
Работилницата имаше за цел да ја подигне свеста кај децата за значењето на личната и колективната хигиена преку едукативни и забавни активности. Преку интерактивни презентации, игри и практични примери, децата учеја како правилно да се грижат за своето здравје и хигиена во секојдневниот живот.







