
НЕДЕЛА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА
Секоја година во периодот од 8 до 15 април традиционално се одбележува НЕДЕЛАТА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА. Оваа година под мотото „Хигиената – лична обврска за колективно здравјe“ .
Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со работилници на темата со најмалите и најмилите членови на нашиот град.
Во рамките на одбележување на НЕДЕЛАТА НА ХИГИЕНИЗАЦИЈА беа спроведени 3 едукативни работилници во кои беа опфатени околу 300 дечиња на иницијатива на волонтерите на Клубот на млади и младинците на овогодишниот ЦКА-ПХВ еколошки проект во градинката ЈОДУГ “Јасна Ристеска” во објектите: „Централна“, „Развигорче“ и „Билјана“.
Работилниците имаа за цел да ја подигнат свеста кај децата за значењето на личната и колективната хигиена преку едукативни и забавни активности. Преку интерактивни презентации, игри и практични примери, децата учеја како правилно да се грижат за своето здравје и хигиена во секојдневниот живот.




