ноември 25, 2025

Недела на грижа за стари лица

Посета на Одделот за геријатрија при Општата болница Охрид

По повод одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ при Црвен крст Охрид, заедно со членови на Клубот на млади, остварија посета на Одделот за геријатрија при Општата болница Охрид.

За време на посетата, волонтерите се дружеа со пациентите, споделија убави моменти во духот на хуманоста и грижата за повозрасните лица. Како знак на благодарност и поддршка, за потребите на корисниците на Одделот беше доделена скромна донација, а на вработените на Одделот му беше врачена и благодарница за успешната соработка во овогодинешниот ПХВ циклус, како поттик за понатамошно заедничко делување во корист на повозрасните лица.

Оваа активност се реализира под овогодинешното мото: „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“

Исто така, волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „Најди време“ остварија посета и на дел од корисниците вклучени во програмата.

Нека оваа порака не потсети дека грижата, почитта и љубовта кон постарите се наша заедничка одговорност – денес, утре и секој ден.

< врати се назад