ноември 22, 2024

НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА

Секоја година во периодот од 18 до 24 ноември традиционално се одбележува

НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА, под мотото „Сите сме нивни деца“.

Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со повеќе активности.

На редовниот состанок на Клубот на млади одржан на 20.11.2024, во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа РАБОТИЛНИЦА ЗА ПЛЕТЕЊЕ во соработка со волонтерите од програмата за грижа за стари лица „Најди време“ .

На работилницата, волонтерите од програмата „Најди време” ги споделија со младите своите знаења и техники за плетење.

На постарите волонтери им се заблагодаруваме за одвоеното време и за придонесот. Се надеваме дека меѓугенерациската соработка ќе продолжи и во иднина .

#ЦрвенКрст

< врати се назад