ноември 18, 2024

НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА

Секоја година во периодот од 18 до 24 ноември традиционално се одбележува

НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА, под мотото „Сите сме нивни деца“.

Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со повеќе активности .

На иницијатива на Клубот на млади, а во соработка со волонтерите на „Најди време” и Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, на 18.11.2024, во просториите на Црвен крст Охрид се одржа предавање на тема дијабетес, насловено „Разбивање на бариерите, премостување на празнините”. Предавањето го одржа д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје.

По предавањето, на присутните им беше овозможено мерење на шеќерот во крвта.

Им се заблагодаруваме на предавачот и на присутните.

< врати се назад