ноември 22, 2020
Недела на грижа за стари лица
Во текот на Неделата на грижа за стари лица, од 16.11.2020 до 22.11.2020, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид достави хуманитарни пакети со прехранбени продукти, средства за хигиена и заштитни маски до 40 домаќинства на социјално загрозени стари лица од Охрид и од неговата околинa започна со дистрибуција на брошурата „Здраво и активно стареење“.
Овие активности се две од низата активности предвидени со проектот „Вклучени“ којшто Црвен крст Охрид го реализираше со поддршка од Општина Охрид, а со цел да придонесе кон подобрување на можностите за здраво, за активно и за достоинствено стареење на граѓаните од Охрид.