ноември 25, 2019

Недела на грижа на стари лица

Во рамки на одбележување на “Неделата на грижа на стари лица”(18-24 ноември) Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охридподмотото “Сите сме нивни деца” со бројни активности ја одбележа Неделата.

На 19.11 беа посетени болни и изнемоштени стари лица во рурални населби во општините Охрид и Дебарца од страна на тим на стари и млади волонтери и професионалци на Црвен крст и стручни медицински лица, со цел, за комуникација, разговори, процена на општа и здравствена состојба и потреби, проверка на притисок, тест за дијабет и превентивни препораки;

На 20.11.беа посетени и им беа поделени хранливи производи на старите лица во геријатрискиот оддел при Медицински центар Охрид, создадени во Градината на заедницата во Охрид, од странана членови на Програмата за грижа за стари лица „Најдивреме„ при Црвен крст Охрид, здружение жени „Бисера„ Охрид, Здружение „Брег на младоста„ Охрид, средното училиште „Св. Кирил и методи„ Охрид, и други субјекти, поддржано од Американскиот мировен корпуст и  УСАИД. Исто така дента беа посетени и посетени старите лица од програмата “Најди време” и им беа направени превентивни здравствени прегледи (ЕКГ, гликоза, крвен притисок).

На 21.11 се организираше меѓугенерациска средба  во Здружението на пензионери на Охрид и Дебарца  во која пензионерите и младите волонтери од Клуб на млади при Црвен крст Охрид  се дружеа преку заеднички игри(шах,табла,пикадо,цртање..). Целта на оваа дружење беше да се поврзат младите и старите и да се развие меѓусебно разбирање и почит.

                Во рамки на активностите посветени на Неделата за старилица (18 до 24 ноември), Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид”Најди време”објави литературен и ликовен конкурс на тема „Еднакви сме сите“ каде учествуваа учениците од основните и средните училишта на Општините Охрид и Дебарца. Наден 22.11. на свечен настан, попрегледи предлог на стручни комисии, се доделија награди, признанија и благодарници.

< врати се назад