септември 20, 2022
НЕДЕЛА НА БОРБА СО ТУБЕРКУЛОЗА
Секоја година во периодот од 14 до 21 септември Црвениот крст ја одбележува неделата на борба со туберкулоза.
Туберкулозата е болест што ја предизвикува инфекција со бактеријата Mycobacterium tuberculosis .
Зошто треба да знаеме за оваа болест?
Со оваа бактерија може да се зарази секој и секаде. Можеби не го познавате лице што има туберкулоза, а сте биле во контакт, бидејќи со сите случаи на туберкулоза се постапува во доверливост.
Доколку се сомневате дека сте заболени со инфекцијата или дека сте биле во контакт со заболено лице посетете го вашиот доктор. Никој од наведените симптоми не наведува стриктно на позитивност кон болеста!