септември 24, 2025

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗА

По повод одбележување на Неделата на борба против туберкулоза, од 14 до 21 септември. Клубот на млади при Црвен крст Охрид организираше работилница за изработка на црвени панделки во знак поддршка на оние кои живеат со туберкулозата.

Во текот на работилницата беа изработени околу 100 панделки, а истите беа поделени на граѓаните на Охрид од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид.

Црвената панделката е симбол на солидарност – покажува дека стоиме заедно со заболените и со оние кои се борат за искоренување на болеста.

Таа служи како „потсетник“ дека туберкулозата сè уште постои и дека превенцијата, раната дијагноза и третманот се клучни.

< врати се назад