септември 27, 2021

Недела на борба против туберколоза

Под мотото Време е за свет без туберколоза Црвениот крст на Република Северна Македонија Општинска организација Охрид во периодот од 14-21 септември 2021 год. ја одбележа “Неделата на борба против туберкулоза”. Општинска организација Охрид организираше едукација со млади кај кои е најважно да се информирани и свесни од мала возраст со др. Кристина Стојаноска Алоска

Целта на предавањето беше да се споделат основните информации за оваа болест, симптомите, превенцијата и начините на лекување и да се подигне јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберколозата како и мерки за ставање крај на глобалната епидемија на оваа болест.

< врати се назад