октомври 17, 2025

Недела на борба против шеќерна болест

Црвен крст Охрид, традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест во периодот од 10 до 16 октомври 2025 година. Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за тоа што претставува дијабетесот, колку е распространет во светот, и како може да се спречи неговата појава преку промоција на здрави животни навики.

По тој повод, денес – 16.10.2025година, заедно со д-р Георги Ставрески, ги посетивме вработените во ТППЕ Охрид – Пожарна и КПУ Затвор Охрид , каде што разговаравме за значењето на навременото откривање и превенција на дијабетот.

Темата на овогодинешната кампања беше:

„Здрави животни навики во превенција на дијабетес“

– со фокус на важноста од редовни прегледи, здрава исхрана, физичка активност и информираност.

Присутните имаа можност да го измерaт нивото на шеќер во крвта и да добијат индивидуални совети и препораки од д-р Ставрески.

Им благодариме на институциите за соработката и на сите присутни за интересот. Заедно креираме поздрави заедници!

< врати се назад