
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАК
Посветени на своите активности во Здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Подигни свест, победи рак“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
Во таа насока, Црвен крст Охрид организираше предавање-разговор со Академик проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ за малигните заболувања со акцент на рак на простата, која се одржа на 03.03.2025, во просториите на Црвен крст Охрид.
Целта на ова предавање беше да се подигне свеста за малигните заболувања, со фокус на ракот на простата, кој претставува еден од најчестите карциноми кај мажите. Се разгледаа факторите на ризик, симптомите, дијагностичките методи и достапните опции за третман.
Секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни. Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики.
#ЦрвенКрст#НеделаНаБорбаПротивРак#подигнисвестподебирак




