март 8, 2024

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАК

Во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Раната детекција спасува живот“, Црвен крст Охрид организираше активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
На ден 07.03.2024 год Црвен крст Охрид во соработка со Младински Центар Охрид организираше предавање на тема „Фотодерматози-причини, симптоми, стадиуми, превенција и лечење“ во просториите на Младинскиот центар Охрид (Касарна Охрид).
Предавањето го одржа Д-р Перчо Бачев, спец.дерматовенеролог кој пред присутните ги објасни Фотодерматозите-промени на кожата кои настануваат како последица на дејството на сончевите зраци и начините за заштита на кожата од сончевите зраци.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад