март 4, 2024

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАК

Посветени на своите активности во Здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Раната детекција спасува живот“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
Во таа насока, Црвен крст Охрид во соработка со Младински Центар Охрид организира предавање на тема „Фотодерматози-причини, симптоми, стадиуми, превенција и лечење“, кое ќе се реализира на 07.03.2024 (четврток) со почеток во 18 ч., во просториите на Младинскиот центар Охрид (Касарна Охрид). Предавач ќе биде Д-р Перчо Бачев, спец.дерматовенеролог.
Искористете ја можноста да дознаете повеќе за Фотодерматозите-промени на кожата кои настануваат како последица на дејството на сончевите зраци и начините за заштита на кожата од сончевите зраци.
Секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.
Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики.
Можно е да е слика од текст кој вели „+ општинска организацила охрид црвен крст на република северна македонија 01-08.03.2024 недела на борба против PAK JAVA E LUFTES KUNDER KANCERIT እ предаване WEEK FOR FIGHT AGAINST CANCER д-р петар бачевски фотодерматози март 2024, пец. венеролог касарна HUB пзу -p петар бачевски раната детекција спасува живот! Zbulimi i hershëm shpäton jetën! Early detection saves lives!“
 
 
 
 
< врати се назад