декември 5, 2024

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

Секоја година во периодот од 1 до 7 декември традиционално се одбележува

НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА. Оваа година под мотото „Заедно во борба против ХИВ/СИДА“, Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со повеќе активности и настани.

Во рамките на одбележување на

НЕДЕЛАTA ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА, на вчерашниот редовен состанок на Клубот на млади, во просториите на Црвен крст Охрид се одржа едукација на тема „Превенција од ХИВ/СИДА” предводена од д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Присутните на едукацијата имаа можност подобро да се запознаат со симптомите на ХИВ/СИДА и нивна превенција. На крај од едукацијата беа поделени црвени панделки кој се симбол за солидарност за лицата кој живеат со ХИВ.

#ЦрвенКрст

#НеделаЗаБорбаПротивХИВ/СИДА ВО БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

< врати се назад