
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА
Секоја година во периодот од 1 до 7 декември традиционално се одбележува НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА. Оваа година под мотото „Заедно во борба против ХИВ/СИДА“, Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со повеќе активности и настани.
Во рамките на одбележување на
НЕДЕЛАTA ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ/СИДА, денес со почеток од 20:00ч, Црвен крст Охрид, во своите простории организира едукација на тема „Превенција од ХИВ/СИДА” предводена од д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
Целта на ова предавање е да се подигне свеста кај јавноста за опасноста од ширењето на ХИВ/СИДА, да се поттикне редовното тестирање и да се подобри квалитетот на животот на оние кои го носат вирусот, но пред се раното откривање на инфекцијата и нивна превенција