Недела на борба против гладта
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид под мотото “Помислете и на нас” ја реализираше кампањата по повод Неделата на борба против гладта(16-22 октомври). Во текот на камшањата беа реализирани повеќе активности со поддршка на општина Охрид, Лајонс клуб Охрид, Лајонс клуб Десарети и Лајонс клуб Дениција како и вклученост во Неделата на италијански јазик заедно со професори по италијански јазик од две средни школи. Вредносните бонови се продаваа од страна на волонтерите на Клуб на млади, а собирни акции имаше во сите основни и средни училишта во Охрид и Дебрца и во поголемите маркети, а донираа и граѓани поединци, компании, здруженија, фирми, училишта и институции. Во текот на оваа година евидентирани се околу 850 семејства кои бараат помош и се со социјален ризик.
На ден 06.11.2018г. во просториите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид, им беа доделени хуманитарни пакети на 70 социјално загрозени семејства со поддршка од општина Охрид,а со собраните финансиски средствата од текот на цела кампања од Неделата на гладта им беа доделени пакети на вкупно 250 семејства кои примаат социјална помош, згрижувачки семејства, бездомници, лица со инвалидитет, деца без родители и стари лица.