октомври 19, 2024

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА

Секоја година во периодот од 16 до 22 октомври Црвениот крст ја одбележува Неделата на борба против гладта.

Одбележувањето се прави преку собирни акции во маркетите и училиштата преку кои хуманите граѓани можат да донираат храна за оние на кои таа им е потребна.

Оваа година овие акции се одржуваат во соработка со маркетите Market Misa ( ул. “7 ноември” и ул.”Марко Цепенков”) и Tamaro ( ул. “АСНОМ” ), но и во сите основни и средни училишта.

Ги мотивираме сите граѓани на градот Охрид да се вклучат во одбележувањето на оваа недела и со своите хумани акти да придонесат кон пружањето помош на оние кои им е најпотребна.

#секадезасекого

< врати се назад