октомври 28, 2022
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАД
Во периодот од 16 до 22 октомври се одбележаа денот и Неделата на глад од страна на Црвен крст Охрид како и секоја година.
Одбележувањето се состоеше од собирни акции на храна во основните и средните училишта, како и во повеќе маркети низ градот Охрид, каде хуманите граѓани имаа можност да ја донираат за оние на кои им е најпотребна.
Се заблагодаруваме на сите вработени во Црвен крст Охрид и волонтерите на Клубот на млади за спроведувањето на акцијата, на хуманите граѓани кои ја направија оваа акција успешна, и на училиштата и маркетите кои се вклучија за помошта во реализацијата на истата.