
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАД
Традиционално, Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 16 до 22 октомври ја одбележува “Неделата на глад”, Црвен крст Охрид се приклучува кон одбележувањето на оваа недела со кампањата ПОМИСЛЕТЕ И НА НА!
Одбележувањето се прави преку собирни акции во маркетите и училиштата преку кои хуманите граѓани можат да донираат храна за оние на кои таа им е потребна.
Оваа година овие акции се одржуваат во соработка со маркетите:
– Миса – ул. “7 ноември”, “ул. Марко Цепенков”;
– Кам – ул. “7 ноември”;
– Тинекс – ул. “7 ноември” и “Булевар Македонски просветители”;
– Рамстор – ул. “Јане Сандански”;
– Тамаро – ул. “АСНОМ”;
– Жито Маркет – Ohrid Moll;
– Во сите основни и средни училишта.
Ги мотивираме сите граѓани на градот Охрид да се вклучат во одбележувањето на оваа недела и со своите хумани акти да придонесат кон пружањето помош на оние кои им е најпотребна.


