ноември 7, 2025

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАД 2025

Црвен крст Охрид и оваа година традиционално се вклучи во одбележување на Неделата на глад (16 – 22 октомври 2025г) во рамки на кампањата “Помислете и на нас”, со цел поттикнување на граѓаните, компании, фирми, итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

Одбележувањето се состоеше од собирни акции на храна и хигиенски производи во градинките, основните и средните училишта, како и во соработка со маркетите Миса, Тамаро, Випс, Рамстор, Жито Маркети, каде хуманите граѓани имаа можност да ја донираат за оние на кои им е најпотребна.

Се заблагодаруваме на сите вработени во Црвен крст Охрид и волонтерите на Клубот на млади за спроведувањето на акцијата, на хуманите граѓани кои ја направија оваа акција успешна, и на училиштата, градинката „Јасна Ристеска“, маркетите, Лајонс клуб Деница, Лајонс клуб Десарети кои се вклучија во реализацијата на истата.

Продолжуваме и во месец ноември со дистрибуција на подготвените хуманитарни пакети и остануваме отворени за нашите сограѓани кои сакаат својата хуманост да ја изразат преку нашите активности.

< врати се назад