ноември 4, 2024

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАД

Црвен крст Охрид и оваа година традиционално се вклучи во одбележување на Неделата на глад (16 – 22 октомври 2024г) во рамки на кампањата “Помислете и на нас”, со цел поттикнување на граѓаните, компании, фирми, итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција.

Одбележувањето се состоеше од собирни акции на храна и хигиенски производи во основните и средните училишта, како и во соработка со маркетите Миса, Тамаро и Випс, каде хуманите граѓани имаа можност да ја донираат за оние на кои им е најпотребна👏🏻.

Се заблагодаруваме на сите вработени во Црвен крст Охрид и волонтерите на Клубот на млади за спроведувањето на акцијата, на хуманите граѓани кои ја направија оваа акција успешна, и на училиштата, маркетите, компанијата Костал Македонија, Форум на жени на СДСМ, Лајонс клуб Деница кои се вклучија во реализацијата на истата.

Продолжуваме и во месец ноември со дистрибуција на подготвените хуманитарни пакети и остануваме отворени за нашите сограѓани кои сакаат својата хуманост да ја изразат преку нашите активности.

Canadians For Children At Health Risk

< врати се назад