октомври 17, 2024
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТ
Во периодот од 10-16 октомври традиционално се одбележува
НЕДЕЛАТА НА БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТ, оваа година користејќи го мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес… “
Во просториите Црвен крст Охрид се одржа едукативна работилница и презентација со цел кревање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на дијабетесот.
На самата едукација волонтерите имаа можност да се запознаат со начините на превенција, симптомите и различните типови на болеста како и да ги тестираат нивните знаења за дијабетесот.