март 24, 2025

НАУЧИ ВЕШТИНИ ЗА ДА ГО ВОДИШ СВОЈОТ ЖИВОТ

Продолжува соработката на Црвен крст Охрид со организацијата Canadians For Children At Health Risk, од Торонто, Канада во чии рамки се организира инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема – НАУЧИ ВЕШТИНИ ЗА ДА ГО ВОДИШ СВОЈОТ ЖИВОТ (LEARNING SKILLS TO LEAD YOUR LIFE) -.

Домаќини на оваа работилница, која ќе се одржи на 26.03.2025 г. (среда) со почеток во 20:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да научат да практикуваат животни вештини за здрав и успешен живот.

Фасилитаторот на работилницата Dr. Raphael Lindsay од Торонто, Канада, ќе изнесе многу корисни совети и стратегии кои ќе помогнат младите:

Да се охрабрат едни со други и оспособат преку различни активности за грижа за себе и јакнење на самодовербата,

Да се мотивираат и поттикнат младите да останат ангажирани за помош во заедницата и позитивенживот.

Добредојдени се сите оние, од 16 до 25 годишна возраст, ентузијастични, амбициозни и посветени млади кои своите капацитети, знаења, спобоности и слободно време ги инвестираат во себе и заедницата, да ја искористат и оваа можност за надоградба на своите животни вештини и навики.

#ЦКмлади#ЦрвенКрст

Можеби е шкртaница на текст кој вели „КЛУБ НА МЛАДИ ОХРИД РАБОТИЛНИЦА НА TEMA: ddde НАУЧИ ВЕШТИНИ ЗА ДА го ВОДИШ Сво живот CODR. co DR. RAPHAEL LINDSAY 26 МАРТ 2025 20:00 00 (GMT +1) 02:00 (GMT-5 Црвен крст на Република Северна Македонита ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЛА ШТИНСКАОРГАНИЗАЦИЗАОХРИД ОХРИД Canadians for Children at Health Risk“
< врати се назад