март 20, 2022

Нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот!

Вкупно 56 награди, од кои 8 трофеи, 14 златни медаљи и 33 сребрени медаљи е билансот на освоени награди на охридските бреинобреин генијалци на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 29 јануари 2022 година. На пригодна свечаност во х. Амбасадор, во присуство на родителите и Градоначалникот на Охрид, на 56 учесници на Интернационалниот Бреинобреин натпревар, кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, им беа доделени освоените награди.
И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите, за што изразуваме голема благодарност.
Особена благодарност изразуваме до менаџерскиот тим на х. Амбасадор за помошта во реализација на овој настан.   
Целата галерија на слики можете да ја превземете на следниот линк:
 
 
< врати се назад