
септември 9, 2025
MOVIE NIGHT – SUPERMAN 2025
Клубот на млади при Црвен крст Охрид Ве поканува на уште едно незаборавно дружење!
- 13.09.2025 (сабота)
- 20:00ч
- Универзитет „Св. Апостол Павле“ – Охрид
- Бесплатен влез!
Овој пат го носиме големиот хит „Superman 2025“, филм кој ќе ја донесе возбудата, акцијата и инспирацијата на големото платно. Очекувајте атмосфера исполнета со забава, смеа и многу позитивна енергија.
Настанот е рамки во кампањатa за регрутација на млади волонтери #МладиЗаОхрид, која има за цел да го поттикне волонтерството, младинската активност и да им овозможи на младите нови моменти за дружење и заедништво.
Донеси ја твојата енергија, пријатели и уживај во кино-вечер исполнета со супермоќ – моќта на младите!
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#младизаохрид
