
март 14, 2025
MOVIE NIGHT
Група од 6 ПХВ младинци од Црвен крст Охрид кои работат на интеркултурен проект, со цел собирање финансиски средства за изработка на својот проект на ден 13.03.2025 во Универзитетот “Св. Апостол Павле” организираа MOVIE NIGHT со филмот “The Fast and The Furious” .
ШТО Е ЦКА-ПХВ?
ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности) е национална програма која се реализира во сите Општински организации на ниво на Република Северна Македонија.
Овој проект дава можност на ученици од различни етнички групи да се зближат и подобро да се запознаат со деца од други култури и нивните обичаи .




