март 4, 2025

Мотивациска работилница за крводарители во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

На ден 03.03.2025 година се организираше мотивациска работилница за крводарители во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид од страна на обучени мотиватори за крводарителство од Црвен крст Охрид и претставник од Служба за Трансфузија-Охрид.

Ученици од 4та година научија повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за да се биде крводарител, личните бенефиции и важноста на дарувањето.

За градење на подобар свет, клучно е поттикнувањето на хуманост, свесност и активизам кај младите.

Се надеваме на успешна крводарителска акција со многу хумани ученици, а притоа изразуваме благодарност до СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за отворената соработка

#ЦрвенКрст#дарувајкрвспасиживот

< врати се назад