
февруари 17, 2026
Мотивациска работилница за крводарители
Мотивациска работилница за крводарители во ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид
Денеска, во просториите на гимназијата ОСУ „Климент Охридски“ – Охрид, се одржа мотивациска работилница за крводарители од страна на обучен мотиватор за крводарителство од Црвен крст Охрид.
Околу 60 ученици од 4та година научија повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за да се биде крводарител, личните бенефиции и важноста на дарувањето.
За градење на подобар свет, клучно е поттикнувањето на хуманост, свесност и активизам кај младите.
Ние се надеваме на успешна крводарителска акција со многу хумани гимназијалци, а притоа изразуваме благодарност до Гимназијата на отворената соработка.







