февруари 20, 2024

Мотивациска работилница за крводарители во ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

На ден 19.02.2024 година се организираше мотивациска работилница за крводарители во гимназијата ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид од страна на обучени мотиватори за крводарителство од Црвен крст Охрид и претставник од Служба за трансфузија – Охрид.
👉🏻 80 ученици од 3та и 4та година научија повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за да се биде крводарител, личните бенефиции и важноста на дарувањето 🅰️🅱️🅾️🆎.
✅За градење на подобар свет, клучно е поттикнувањето на хуманост, свесност и активизам кај младите.
🤗Ние се надеваме на успешна крводарителска акција со многу хумани гимназијалци, а притоа изразуваме благодарност до Гимназијата на отворената соработка!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Можно е да е слика од 14 луѓе и Луѓе играат кошарка
 
 
 
 
< врати се назад