
Мониторинг на пештерски екосистеми со камери – чекор кон зачувување на пештерските екосистеми во Националниот парк Галичица
Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ се спроведува мониторинг на пештери во Паркот во научни цели и со стремеж да се оствари придонес кон заштитата на пештерските екосистеми.
Употребувајќи соодветна опрема, истражувачкиот тим обезбедува сигурен и редовен мониторинг. Со поставување камери во пештерите се овозможува имплементирање на современи системи за видео-мониторинг и континуирано, прецизно и ненаметливо следење на динамиката во пештерските екосистеми.
Мониторингот со примена на камери помага да се добијат вредни податоци за пештерите како живеалишта, да се забележат промени и да се реагира навремено на потенцијални закани на овие чувствителни екосистеми.
Процесот на мониторирање на пештерите го води посветениот тим на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ кој ја поставува и одржува опремата и ги анализира собраните податоците.
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го реализираат Црвен крст Охрид и Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.
Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”








