април 20, 2023
МОЌТА НА МОИТЕ СПОСОБНОСТИ
Минатата недела на редовниот состанок на Клубот на млади се одржа уште една од работилниците од програмата за меки вештини.
13 млади волонтери се запознаа со темата на ЈАВНО ГОВОРЕЊЕ т.е. зошто е тоа важно, кои се карактеристиките на еден добар оратор, како да се подобрат во однос на оваа вештина и слично.
Работилницата ја одржаа Борче Исакоски, Бојана Котеска и Ѕвездан Јончевски како дел од раководството на Клубот по иницијатива на волонтерите.