октомври 7, 2023
МОЈОТ ПРИДОНЕС ВО ОХРИД 2023
На ден 14.09.2023 традиционално го посветивме нашиот редовен состанок на нашите 26 волонтери кои оваа година се матуранти и кои имаат голем придонес во нашиот клуб.
Состанокот имаше за цел да се споделат позитивните искуства на овие волонтери, како и да ги мотивираат и поттикнат останатите зошто е важно да се волонтира. Исто така, тие имаа можност да проследат кратка презентација за можностите за волонтирање во студентските градови во нашата држава. На крајот од церемонијата им беа традиционално доделени чаши со нивниот најдраг момент од волонтирањето, од страна на раководството на Клубот на млади и секретарот на Црвен крст Охрид.
Во склоп на оваа церемонија беа доделени и уверенијата за врснички едукатори на 10 волонтери од нашата општинска организација кои успешно го завршиј процесот на обучување и тренирање.
Им се благодаруваме за секој придонес и секоја вложена идеа на нашите волонтери и им посакуваме многу успеси понатаму.