јуни 7, 2025

МОЈОТ ПРИДОНЕС ВО КЛУБОТ НА МЛАДИ 2025

На последниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид, беа доделени симболични подароци и благодарници на 32 волонтери кои оваа година се матуратни и имале голем придонес во Клубот на млади. 😁👌

🌟Атмосферата беше исполнета со многу емоции: среќа, благодарност, носталгија и спомени. Присутните се потсетуваа на своето прво волонтерско искуство, незаборавни дружење и што научиле за време на нивното волонирање. На крајот од церемонијата традиционално, секој матурант доби своја персонализирана чаша со испишано име и презиме. Овие подароци беа доделени од раководството на Клубот на млади при Црвен крст Охрид како знак на благодарност и сеќавање на нивната посветеност и труд. ☺️😁

✅️Покрај благодарници и симболични подароци, беа доделени и уверенија за врснички едукатори на 10 волонтери кои го поминале процесот на обука.

🙌Изразуваме огромна благодарност на нашите волонтери за секој нивни придонес и за секоја идеја што ја вложиле. Ви посакуваме многу успеси во иднина! ☺️☺️

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад