март 30, 2020

Мобилни тимови за поддршка

Имајќи ги предвид препораките за заштита и за превенција од новиот коронавирус Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид во соработка со Општина Охрид, со своите мобилни тимови за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители на деца на предучилишна возраст во текот на изминатите две недели опслужи 40 домаќинства (некои домаќинства и во повеќе наврати) со набавка на потребни намирници, лекарства и сл., а на 120 социјално загрозени семејства им беа доделени хуманитарни пакети со храна и хигиена.

 
Во зависност од локацијата, се упатува тимот, се врши набавката и се доставува на домашна адреса, секако со соодветна заштита на самите тимови. Самите граѓани си ги обезбедуваат средствата за потребните намирници. Тоа се однесува на набавка на намирници за домашни потреби, набавка на лекови, препишување на рецепти кај матичен лекар и слични такви неопходни работи. Исто така доколку имаат потреба за уплата на сметки, вадење на упати, случај на земање на инсулин, достапни сме за граѓаните на Охрид. Доколку имаат потреба, а бидејќи не смеат да излезат, им ги завршуваме и сите работи во банка, плаќање на сметки или кредит.
Мобилните тимови се активни секој ден (вклучително и во викенд). Граѓаните на кои им е потребна поддршка од овие тимови, можат да стапат во контакт со Црвен крст Охрид од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:


☎ 046 261 909
☎ 070 315 309
☎ 13 112 (скратениот број на Планинската спасителна служба)
За неодложни/итни потреби, граѓаните можат да се јават на ☎ 13 112 и по 16 часот.

< врати се назад