ноември 21, 2020

Мобилни тимови за поддршка на старите лица

Во рамки на одбележувањето на “Неделата на грижа на стари лица” од 16 до 22 ноември Црвен крст на РСМ-Општинска организација Охрид под мотото “Сите сме нивни деца” со соодветни  активности ја одбележа Неделата кои се спроведуваа со поддршка на UNFPA.

Мобилни тимови  на Црвен крст Охрид беа достапни за бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена, лекови и др. на постарите ,осамени и изнемоштени лица со цел да се даде придонес во намалување на ранливоста на постарите граѓани и поддршка на населението во одговор на предизвиците од КОВИД19.

Во зависност од локацијата, се упатуваше тимот, се вршеше набавката и се доставуваше на домашна адреса, секако со соодветна заштита на самите тимови. Самите граѓани си ги обезбедуваат средствата за потребните намирници

Мобилните тимови беа активни во текот на цела работна недела (16-20 ноември), а граѓаните на кои им беше потребна поддршка од овие тимови, можеа да стапат во контакт со Црвен крст Охрид од 10 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:


☎ 046 261 909

☎ 046 262 706
☎ 070 315 309

< врати се назад