април 28, 2020

Мобилни тимови за поддршка

Со цел да го охрабри и да го помогне придржувањето кон препораките и мерките за заштита од корона-вирусот, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид, од првите кризни денови, им укажува поддршка на ранливите групи граѓани: постарите лица, лицата со хронични заболувања, лицата со попреченост и самохраните родители. Нашите екипи вршат набавка на прехранбени продукти, на средства за хигиена и на лекови (на трошок на нарачателот) и бесплатно ги доставуваат до домовите на граѓаните.

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид апелира граѓаните да продолжат да бидат претпазливи, и понатаму да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита од КОВИД-19. Телефонските броеви на кои може да се побара услугата за достава се :

☎ 046 261 909
☎ 070 315 309
☎ 13 112 (скратениот телефонски број на Планинската спасителна служба).

Финансиските средства за реализација на овие активности на Црвениот крст се обезбедени од Фондацијата на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје.

< врати се назад