мај 12, 2025

Младинци од програмата ЦКА–ПХВ на Црвен крст Охрид го подновија Одделението за Геријатрија

Во тек е реалицазијата на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности. Младинци на возраст од 14 до 18 год два месеци работат на анализа на потребите на различни категории граѓани, потоа реализираат проекти од социјален, еколошки и мултикултурен карактер. Тоа се мали проекти кои прават голема разлика во заедницата, а учесниците се изградуваат како личности и стануваат дел од сеемејството на Црвениот крст.

Шест младинци учесници во програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ) го подновија Одделението за Геријатрија при Општа болница Охрид. Средствата за уредување на влезот и чекалната како и за нов електричен систем за заклучување на влезната врата ги обезбедија преку изработка и продавање ракотворби и со изнаоѓање донатори. Во реализацијата на проектот поддршка им беше десиминаторот Лина Јоноска.

„ Оваа група којашто работеше на овај проект се состои од шест волонтери , со помош и на други лица . Тие направија истражување пред да почнат со проектот за ранливите групи во градот на кои може да им се помогне.

Почнавме со работа пред две недели и имавме многу работа. Почнавме прво со фарбање на ѕидовите , имаше многу дупки кои ги саниравме , молерисавме, ги заменивме сијалиците и многу други поситни поправки. Како цреша на шлагот купивме, поточно обезбедивме преку донација електрична брава кој беше монтирана која се отвора со картичка и пин, бидејќи вратата не им се заклучуваше и тоа беше монтирано.“ – изјави Лина Јоноска – десиминатор за ПХВ, Црвен Крст Охрид.

Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ) е програма каде што младинци како потенцијални волонтери се стекнуваат со вештини и знаење за потребите на заедницата преку изработка на мали проекти. Тоа се мали проекти, но прават голема разлика кај нашите сограѓани на кои им е потребна поддршка или помош, вели Лина.

„Ние во годинешниот ПХВ циклус имаме четири проекти. Еден еколошки, другиот е интеркултурен и два социјални. Другиот социјален проект е во соработка со клубот на лица со оштетен слух и со нив се организираат работилници. Целта на ПХВ програмата е прво да се помогне на заедницата и се одвива на државно ниво. Сите се трудат да променат нешто на подобро во нивната заедница, а и за нив како личности да се изградат. “ – вели Лина.

Програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) повеќе од 20 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Македонија.

< врати се назад