август 13, 2022

МЛАДИНСКИ НАЦИОНАЛЕН КАМП – 2022

Во периодот од 19.07. – 25.07. во автокампот АС Струга, во организација на националното координативно тело и и координаторот на млади се одржа летниот младински камп “100% Црвен крст” 
 
На овој камп учество зедоја лидерите на Клубот на млади, Борче Исакоски и Сара Петковска. Исто така, дел од самата организација беше и Сара Коваческа, која што беше избрана за дел од националното координативно тело на последните избори.
 
На самиот камп учествуваа претставници од сите општински организации од нашата држава, кои во период од 7 дена имаа можност да се запознаат меѓусебе, да стекнат нови знаења и да работат на теми поврзани со движењето на организацијата и можностите за млади.
< врати се назад