мај 10, 2018

Mладински камп -Проект Симфонија-

Во рамките на проектните активности на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид викендот (04-06.05.2018) се одржа младински едукативен камп „Симфонија“ во тренинг центарот во Велестово. На кампот беа поканети 35 младинци на возраст од 13-14 години, ученици во 5 основни училишта во Охрид, припадници на различни етнички групи. Кампот го креираа и водеја 5 едукатори – волонтери во Црвен крст Охрид, заедно со помош и поддршка на доктор Јованка Стурлакова Коровешоска и Пембезар Далипи – волонтер во програмата Грижа за стари лица. Проектот Симфонија кој се спроведува од страна на Општинска организација Охрид е поддржан од Европската Унија, Локална агенција за развој и ЗГ Креативни и Активни од Струга.

На кампот младите имаа можност меѓусебно да се запознаат, да стекнат основни знаења за Движењето на Црвен крст и Црвена Полумесечина, како и да се запознаат со културата како систем од вредности (препознавање на различностите). Учесниците имаа можност да стекнат и практицираат знаења и вештини за комуникација и тимска работа. За време на кампот тимот на Општинска организација Охрид реализираше широка лепеза едукативни и забавни работилници, преку кои се овозможи интеракција, учење, дружење и забава на учесниците на кампот. Кампот е дел од проектот Симфонија и на самиот крај од кампот младите добија насоки за истражувачки активности што ќе следуваатт во наредните два месеци, како и насоки за големиот настан во месец јули.

< врати се назад