февруари 17, 2024
Млади Хаб
Денес со почеток од 12 часот во Млади Хаб во Скопје се одржа првиот состанок за лидери од сите Клубови на млади од нашата држава за 2024 година.
На истиот учествуваа претставници од повеќето општински организации, членовите на националното координативно тело, претседателот на Совет на млади и координаторот за млади на нашето национално друштво.
Беше дискутирано на повеќе теми и беа презентирани нови програми и одлуки кои ги засегаат младите во нашата организација, како на пример продолжувањето на програмата Зелен Волонтеризам, реализирањето на тековните активности и организацијата на изборите за нови раководства на Клубовите на млади .
На овој состанок присуствуваше и лидерот на Клуб на млади при Црвен крст Охрид, Борче Исакоски.