февруари 10, 2021

Мини сесии со волонтери од Клуб на млади

На ден 06.02.2021 год. во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид беа оддржани 3 мини сесии со волонтерите од Клуб на млади во согласност со мерките за заштита од КОВИД 19.  Сесиите беа на тема ‘КАКО ДА СУМ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРЕН ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА?’, одржани со цел да ги поттикнеме и мотивираме младите волонтери да се одговорни во своето општество, да продолжат со хуманата дејност, и притоа да ги дознаеме нивните потреби и идеи за понатамошна имплементација на активности во Клубот на млади.

На крајот на волонтерите им беше доделен симболичен подарок како знак за благодарност – годишен календар издаден од Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Сесиите беа исполнети со смеа, прекрасна енергија и млади гласови кои поттикнуваат иницијативи

< врати се назад