октомври 8, 2026

Метеоролошки и хидролошки мониторинг во Националниот парк Галичица

Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ се спроведува редовен метеоролошки и хидролошки мониторинг во Преспанската Котлина. Мониторингот се врши во научни цели и со стремеж да се оствари придонес кон заштитата на природното богатство во Националниот парк Галичица.

За да се овозможи мониторингот, во рамките на истиот проект беше набавена и инсталирана соодветна опрема – метеоролошка и хидролошка станица.

На поставувањето на метеоролошката станица на избраната локација во Преспанската Котлина, му претходеше подолг период на тестирање на нејзиното функционирање. Овој процес беше неопходен за да се провери работата на сите мерни инструменти од станицата, стабилноста на системот и квалитетот на податоците што ги регистрира. Со помош на станицата, локалните метеоролошки услови сега континуирано се следат.

Хидролошката мониторинг станица, пак, редовно ги регистрира промените во висината на водниот столб на Преспанско Езеро.

Анализите на податоците што се собираат со овие инструменти ќе придонесат кон подобро разбирање на влијанието на надворешната средина врз пештерските екосистеми. Собраните податоци ќе бидат јавно достапни.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.

Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос”

National Park Galicica

< врати се назад